Манчестер Јунајтед издвоил 100 милиони фунти за летни трансфери за менаџер Оле-Гунар Солскјер, пишува „ЕСПН“.
Секое надминување на овие пари и зголемување на трошоците ќе зависи од средствата што ќе ги добие тимот од продажбата на играчи.
Јунајтед ги сака Хари Мегваер и Арон Ван-Бисака во своите редови, но преговорите не се одвиваат добро, бидејќи Лестер и Кристал Палас сакаат многу повеќе пари отколку што „црвените ѓаволи“ нудат.