Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Португалецот Жозе Мурињо повеќе нема да ги предводи „Црвените ѓаволи“.
-Манчестер Јунајтед објавува дека Жозе Мурињо го напушти клубот. Му се заблагодаруваме за неговата работа во Манчестер и му посакуваме успех во иднина, објави клубот на Твитер.
Мурињо беше тренер на Јунајтед од 2016 година, а со клубот имаше потпишано четири годишен договор.