Норвешкиот стратег Оле Гунар Солскјер денеска очекувано доби отказ на местото тренер на Манчестер јунајтед, ден по високиот пораз на премиерлигашкото гостување против Ватфорд (1-4).
Одлуката за предвремено раскинување на соработката со Солскјер беше објавена по претпладневниот итен состанок на клупското раководство.
Како што е соопштено, Јунајтед привремено ќе го води тандемот Дарен Флечер и Мајкл Карик, а британските медиуми наведуваат дека долгорочно решение на клупата најверојатно ќе биде поранешниот тренер на Реал Мадрид, Французинот Зинедин Зидан.