Тренерот на англискиот прволигаш Манчестер јунјатед, Оле Гунар Солскјер, најави дека клубот ќе разговара со уругвајскиот напаѓач Едисон Кавани за продолжување на соработката.
-Можам само да кажам дека Едисон стори многу за нас, импресиониран сум од него и навистина добро се вклопи во екипата. Наскоро ќе седнеме со него и ќе разговараме. Секако ќе треба да видиме какви се и неговите планови, изјави Солскјер.
Кавани минатиот октомври потпиша едногодишен договор со Манчестер јунајтед со можност за продолжување на соработката за уште една година.
Тимот на Солскјер во четвртокот го совлада Реал Сосиедад со 4:0, во првиот натпревар од шеснаесетфиналето во Лига Европа, а 34-годишниот Уругваец поради повреда го пропушти дуелот одигран на неутрален терен во Торино.