Раководството на Манчестер јунајтед продолжува да го поддржува тренерот Оле Гунар Солскјер.
Вчеравечер Манчестер јунајтед загуби од Барнли (0:2) на свој терен, постигнувајќи го најлошиот резултат во 21 век по бројот на освоени бодови во 24 кола.
Сепак, раководството на клубот не планира да го разреши 46-годишниот Норвежанец, пренесува „Скај спортс“.
По натпреварот со Барнли, Солскјер изјави дека Манчестер јунајтед планира да го засили составот пред да се затвори јануарскиот преоден рок.
Тимот е на 5.место во Премиер лигата со 34 бода, шест помалку од четврто пласираниот Челзи.