Познати се полуфиналните двојки по одигрувањето на денешните натпревари на Европското ракометно првенство.

Словенија ќе игра против Шпанија, додека Норвешка против Хрватска во борба за пласман во финалето и освојување на златото.

Резултати од денес:

Шпанија – Хрватска 22-22
Португалија -Унгарија 34 -26
Норвешка – Словенија 33-30
Белорусија – Австрија 36 -36

Распоред за полуфиналето во петок:

18.00: Шпанија – Словенија
20.30: Норвешка – Хрватска