Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба ќе отсуствува од фудбалските терени најмалку уште еден месец поради повреда на глуждот.

Ова го соопшти тренерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер.

– Мислам дека нема да го видиме Пол до декември. Тој е надвор од тимот долго време. Му треба време да се опорави целосно. Можеби во декември ќе можеме да го видиме на теренот, изјави Солскјер.

Дваесет и шестгодишниот Французин оваа сезона настапи на шест натпревари за Манчестер јунајтед и забележа две асистенции. Последен пат играше на 30 септември.