Поранешниот европски и шпански шампион, Реал Мадрид одлучи да не ангажира нови играчи во претстојниот зимски трансфер прозорец, пренесуваат шпанските медиуми.

Според АС, одлуката за одбивање на трансферите ја донел претседателот на клубот, Флорентино Перез. Клубот верува дека имаат доволно квалификувани играчи. Оваа одлука може да се измени само со сериозна повреда на некои од играчите или друг настан за виша сила.

Клубот исто така нема планови да дозволи заминување на играчи. Ова важи и за Иско, кој сака да го смени клубот со цел да обезбеди место во шпанската репрезентација за Евро 2020.

Селекторот Роберт Морено порано изјави дека само оние кои редовно играат за клубот можат да сметаат на репрезентативен повик.