По поразот на Фиорентина од Лацио (2:1) во последниот меч од 9. коло во италјанската фудбалска Серија А искусниот француски интеранционалец Франк Рибери ги загуби нервите и им се втурна на судиите да дели своја правда.

Рибери неможел да се помири со поразот па видно вознемирен најпрво вербално им дофрлал на судиите, а потоа и на двапати го турнал помошник судијата. Поголем судр спречил еден член на стручниот штаб на домашната екипа. Поради ваквиот испад на Рибери му се заканува казна од најмалку три меча неиграње.