Главниот тренер на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, по триумфот (7:1) над Удинезе во дуелот од 10. коло од Серија А, даде своја оценка за шансите неговиот тим да ја освои титулата.

– Може ли Аталанта да го освои првенството оваа сезона? Дефинитивно не. Освен ако Јувентус не го изгуби. Сепак, тука се и Интер и Наполи, изјави Гасперини.

Аталанта е на третото место, зад лидерот Јувентус со заостанување од три бода и зад Интер со два негатива.