Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, може да се врати во Премиер лигата. Според „Телеграф“, Манчестер сити го гледа Белгиецот како замена за напаѓачот Серхио Агуеро.

Триесет и двегодишниот Аргентинец следното лето ќе го заврши договорот со англискиот клуб. Оваа сезона тој постигна еден гол на четири натпревари.

Од друга страна, 27-годишниот Лукаку игра во клубот од Милано од 2019 година. Оваа сезона тој постигна девет голови и направи две асистенции на 10 натпревари.

За потсетување, претходно Лукаку веќе играше во Англија за Челси, Вест Бромвич, Евертон и Манчестер јунајтед. Тој во кариерата има 113 погодоци на 252 настапи во Премиер лигата. з