Англискиот шампион Манчестер Сити ја забележа петтата последователна домашна победа во Премиер лигата, откако во деветтото коло оствари триумф со 5: 0 против Барнли.
Така, „граѓаните“ продолжија со својот 100 процентен успех во дуелите на домашен терен од почетокот на сезоната и се вратија на првото место. Пулените на Пеп Гвардиола сега имаат два бода пред Челзи, кој претходно одигра 2:2 со Манчестер Јунајтед на „Стемфорд Бриџ“.
За шампионите во игра се врати нивната ѕвезда Кевин Де Бруин. Тој се појави на теренот во второто полувреме при резултат од 3:0. Инаку, Давид Силва запиша две асистенции. Првата беше за Серхио Агуеро, кој го отвори резултатот во 16. минута. Потоа, Шпанецот, исто така, му подаде на Бернардо Силва (54) за 2:0. Само 120 секунди подоцна, Фернандињо зголеми на 3:0, а на крајот и Ријад Марез и Лирој Сане постигнаа по еден гол.
Во следното коло, Сити е домаќин на Тотенхем, но пред тоа оди на гости кај Шахтјор Доњецк во Лигата на шампионите. Барнли го пречекува Челзи.
Резултати од Премиер лигата:
Челзи – Манчестер Јунајтед 2 – 2
Борнемут – Саутемптон 0 – 0
Кардиф – Фулам 4 – 2
Манчестер Сити – Барнли 5 – 0
Њукасл – Брајтон 0 – 1
Вест Хем – Тотенхем 0 – 1
Вулверхемптон – Ватфорд 0 – 2.