Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, во рамки на ITU Телеком, ги претстави условите за инвестирање во Македонија.
Тој, како што соопшти МИОА, се обрати на тркалезна маса на тема: „Инвестирање во дигитална иднина во правец на гигабит инфраструктура и општество“, а настанот на едно место собра дел од заинтересираните оператори од повеќе земји од Европа кои имаа можност да ги слушнат условите за инвестирање во Република Македонија.
Министерот Манчевски, како што соопштуваат од МИОА, се осврна на бизнис климата во земјата и условите што ги нуди.
– РС Македонија одржува макроекономска стабилност со инфлација од 0,9 отсто, а истовремено стимулира економски раст и развој. Со неодамнешните економски реформи на Владата се поддржува развој на бизниси и се привлекуваат приватни инвестиции, со што на компаниите им се обезбедуваат услови подготвени да влезат, да се еднакво конкурентни и ефeктивно да излезат од пазарот. Поради овие заложби, се пласиравме на 10-то место за леснотија во водењето бизнис од вкупно 190 земји, според извештајот на Светска Банка „Водење бизнис“ за 2019 година, истакна Манчевски.
Тој додаде дека растечките приливи на странски инвестиции ја задржаа висококвалификуваната работна сила и одржа стабилност на стапката на вработеност во земјата на 46,9 отсто. Во овие реформи, како што посочи, е вклучен и најдобриот пакет за даноци во Европа: 10 отсто корпоративен данок и три отсто корпоративен данок за развој на ИКТ. Како резултат на реформите, Директните странски инвестиции (ДСИ) значително се зголемија во 2018 година, при што изнесуваа рекордни 735 милиони евра и опфаќаа 5,8 отстоод БДП на земјата“, информираше министерот Манчевски.
Зборувајќи за аспектите од ИКТ сферата тој ги претстави поволните услови и развојот на оваа област.
-Секторот за ИКТ е најбрзорастечкиот сектор, со кумулативна стапка на раст од 47 отсто во изминативе пет години, при што опфаќа четири отсто од БДП во земјата. Секторот за ИКТ има вработено над 18 илјади висококвалификувани работници, а дури 257 компании за ИКТ се основани во 2017 година, вели Манчевски.
Тој го претстави и пазарот во контекст на можностите за инвестирање на нов мобилен оператор.
Наведе дека 98,69 отсто од населението и на 75 отсто има сигнал 4G, вкупниот број активни претплатници на мобилни услуги изнесува 95 отсто (на припејд 46 отсто, на постпејд 54 отсто), бројот на претплатници на мобилен интернет изнесува 65 отсто, додека пак бројот на активни M2M SIM-картички изнесува 207 990.
Според презентираните податоци вкупните приходи на пазарот за мобилни услуги во 2018 година изнесуваа 139 милиони евра, а според Индексот на ГСМА за мобилна поврзаност на Република Северна Македонија за 2019 година, инфраструктурата за мобилна мрежа достигна 66,99, подготвеноста за потрошувачи достигнала 73,89, достапност на цените на уреди и услуги достигна 73,78.
Тој оцени дека според ова клучните можности за раст се: Потрошувачи: претплата на бродбенд мобилни услуги – неискористени до 30 отсто од пазарот (тековен удел 65%), јавен сектор/Влада: пазар за користење дигитални услуги – до 80 отсто потенцијал за раст на пазарот (тековен удел 17%-33%), бизниси: користење услуги „во облак“, можност малите и средните претпријатија да продаваат онлајн и онлајн-прекугранична поврзаност – неискористени до 90% од пазарот (тековен удел 1%-16%), Вертикален пазар (IoT, M2M): во моментов се активни 207 990 M2M SIM-картички – голем неискористен дел од пазарот со побарувачка за раст (светски трендови на CARG за 2017-2022 година на 32%, Cisco VNI Mobile, 2019 година) и золемување на просечните приходи по корисник, на инвестициите и на потенцијалот за приходи
Манчевски оценува дека ситуацијата упатува на тоа дека се уште има неискористени делови од пазарот кои може да ги пополни дополнителен мобилен оператор.
Покрај министерот Манчевски, на сесијата се обратија и Јарослав Пондер, раководител на кабинетот на УМТ за Европа, Дорина Чинари, заменик министер во Министерството за инфраструктура и енергетика, Је Муинг Ру, виш специјалист за дигитален развој на Светска Банка, По-вен Лиу, виш економист на сектор во Европската инвестициска банка, Акос Бона, Директор за меѓународни работи во фондацијата Дигитална иднина, Енрике Медина Мало, главен службеник за политика во Телефоника С.А, Габор Короши, директор во Теленор Унгарија.