Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Роберто Манчини верува дека неговиот национален тим не треба да ги ограничи своите амбиции.
Според „Газета дело спорт“ 54-годишниот италијански специјалист верува дека тимот ќе може да победи на Светското и Европското првенство.
– Италијанскиот национален тим не треба да ги ограничува своите амбиции. Сакам да ги освојам ЕУРО и Мундијалот. Италија нема победено на континентално натпреварување уште од 1968 година, па затоа има и голема причина да го стори тоа. Главната задача сега е да ја подобри позицијата во рејтингот на ФИФА, истакна манчини.
Тој не отфрли можност за натурализирање на некој играч.
– Постои уште една година. Ако се појави добар млад играч за репрезентацијата, тогаш дефинитивно ќе го интегрираме, вели предводникот на Италија.