Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас смета дека Ферари ќе создаде проблеми за неговиот тим на Големата награда на Франција.

Според него, Мерцедес не може да се смета за апсолутен фаворит во оваа трка.

– Тука има некои многу долги делови. Видовме дека Ферари на право има предност. Очекуваме тесна и блиска битка, па затоа не треба да се сметаме за фаворити. Ова е вистинскиот став. Неопходно е да се извлече максимум од болидот за да се биде конкурентен за највисок пласман, изјави Ботас.

Главната трка на патеката „Пол Рикар“ за Големата награда на Франција од шампионатот во Формула 1 ќе стартува утре од 15:10 часот.