Селекторот на Италија, Роберто Манчини ги сподели своите очекувања за мечот на ЕВРО 2020 против Велс.
– Велс е тежок противник. Овој тим е високо рангиран на листата на ФИФА со години и има квалитетни фудбалери. Велс е типичен британски тим, физички силен. Плус Велшаните веќе освоија четири бода. Ќе се обидеме да победиме, ова е нашата задача за натпреварот, изјави Манчини.
Натпреварот Италија – Велс ќе се одигра денес во Рим со почеток во 18 часот.
Италијанците ја предводат групата А со максимални шест бода од два натпревара, додека Велшаните се на второто место со четири бода.