Владата да излезе со решение за проблемите на 64-ицата вработени во приелпската намеска фабрика „Еурокомпозит“. Ситуацијата е многу тешка, нема работа, ниту струја во фабриката, бараат вработените во „Еурокомпозит“ кои и денеска излегоа на протест пред фабриката.
Според Роберт Богданоски, претседател на синдикатот на „Еурокомпозит“ повеќе од крајно време е да се реши дилемата или фабриката ќе работи или да се прогласи стечај за да знаат работниците на што се.
-Владата не сака да го реши нашиот проблем. Се зголемуваат платите, а не сака да го реши проблемот на 64 вработени во „Еурокомпозит“ кои се на работ на егзистенцијата. Работниците само бараат чесно да си ги одработат парите, да работи фирмата. Упатуваме уште еден апел до Владата еднаш засекогаш да излезе со решение за „Еурокомпозит“ или да ни се овозможи работен ангажман или фирмата конечно да оди во стечај за да знаеме на што сме. Имавме средба со министерот за внатрешни работи Чулев кој вети да дојде во фирмата, ќе разговара со директорите, ќе направат некои анекс-договори со МВР и ќе се префрлат пари за да може да продолжиме со работа. Ама не знаеме реално што се случува. Состојбата моментално во фабриката е многу лоша. Нема струја, не се работи. Зедовме делови од заостанати плати, а всушност, плата немаме добиено за цела 2019 година. Имаме испратено писма до сите министерства, но одговор немаме од ниту едно министерство, изјави Богданоски.
Зоран Божиноски, вработен најавува во името на работниците дека ќе протестираат пред Владата, ќе ги запознаат странските амбасади со ситуацијата и ќе ја тужат државата како целосен сопственик на фабриката.
-Ситуацијата е крајно тешка. Ќе преземеме дополнитени мерки. Ќе ја тужиме државата бидејќи е 100 отсто сопственик, ќе ги известиме странските амбасади и сакаме да одиме да протестираме во Скопје, рече Бошески.
Од „Еурокомпозит“ 154-ца вработени беа прогласени технолошки вишок кои, заедно со 64-ицата вработени бараат и да им се платат заостанатите придонеси за што е донесен закон во Парламентот.
Во многу наврати од актуелната Влада и од бившиот премиер Зоран Заев и бившиот вицепремиер Кочо Аншушев беше објавувано решение за проблемот во Еурокомпозит. Но, нивниот мандат се поарчи, а проблемот остана нерешен, како анегдотата за тепсијата и баклавата што еднаш ја раскажа Заев: ако се изеде баклавата, тепсијата стоо.