Членовите на Судскиот совет, Весна Дамева, Тања Чачарова Илиевска,  Павлина Црвенковска, Селим Адеми и  Миљазим  Мустафа, на кои Собранието на Република Македонија со едногласна одлука им изгласа недоверба, не се легитимни претставници и ниту можат да вршат било каква работа во Судскиот совет и немаат право на плата.

Ова во изјава за КУРИР го оценува Михајло Маневски, поранешен министер за правда.

Како човек со децениско искуство во секторот, Маневски посочува дека Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, кој е известен за Заклучокот на Собранието, е должен:

-Да  закаже и да се одржи итна седница на Советот на која ќе се констатира дека на членовите на Судскиот совет Весна Дамева, Тања Чачарова Илиевска, Павлина Црвенковска, Селим Адеми и Миљазим Мустафа им престанува функцијата член на Советот, поради тоа што Собранието со изгласаната недоверба одлучило дека тие веќе не се легитимни преставници на народот во Судскиот совет избрани од Собранието;

-Судскиот совет, имајќи ги предвид сите околности изнесени во Собранието во расправата по интерпелациите и во јавноста за тотално урнисаниот углед, веќе нема никаков легитимитет и доверба во целина за вршење на функцијата и веднаш да се распушти со оставка на членовите на Судскиот совет избрани од судиите;

-Претседателот на Судскиот совет, кој до изборот на нов Совет ќе ги врши само техничите работи, е должен согласно  член  9 од Законот за судскиот совет да распише оглас за избор на член на Советот од редот на судиите, да го извести претседателот на Собранието на Република Македонија да распише оглас за избор на член на Советот што го избира Собранието и да го извести претседателот на Република Македонија да му предложи на Собранието кандидат за член на Советот.

Маневски оценува дека станува збор за лица од Судски совет кои делуваат како партиски должници на опозицоната партија СДСМ.

-Во Судскиот совет, од страна на некои членови избрани од Собранието, преводени  од Весна Дамева и Тања Чачарова Илиевска, смислено се создава атмосфера на отпор како партиски должници на опозицоната партија СДСМ во која вршеле одредени правни работи. Весна Дамева била член на правниот тим на партијата, а Тања Чачарова Илиевска во периодот од  05.08.2017 до 30.11.2020 година работела  како посебен советник за правда во канцеларијата на предавникот лажливец ЗОРАН ЗАЕВ. На Собраниската седница на која се разгледуваа интрепелациите, присутната Весна Дамева настапи крајно дрско и безобразно и со големо непочитување на Собранието. Претседателот Африм Гаши  беше толерантен, но ја спречи да направи уште поголем пакост со одземање на зборот и со молба да го  напушти Собранието. Тоа е, за жал Судскиот совет на Македонија, кој треба веднаш да замине во заборав и да се избере нов Судски совет кој ќе биде вистински гарант на самостојноста и независноста на судството, истакна Маневски за КУРИР.