Ексминистерот за земјоделство и актуелен генерален секретар на СДСМ, пред малку, ја објави мапата на денешните активности во земјата која не ја именува, но ја означува со знамето на Република Македонија.
– Избор на најдобра пита и средби со граѓаните од овој убав мавровско – рекански дел на (наместо името на државата стои симбол знаменце на Македонија), објави Николовски на Фејсбук.
Николовски нашол мудро решение во изборот на името на државата, чиј дел објавува на мапата. Ако каже Република Македонија ќе се лути шефот, а ако го каже името со придавката, кое сосила и го наметна на Македонија, народот не го сака. И така соломонско решение: знаменцето!