Поранешниот прв рекет на светот Енди Мареј ја процени својата состојба пред настапот на Грен слемот УС Опен.

– Во последните неколку месеци, добро е што ништо не ми пречеше на тренинзите. Успеав да работам како што сакав. Но, сега треба да покажам резултати на натпреварите, а во последните недели имам проблеми со тоа, изјави Мареј.

Британецот во првото коло на Грен слемот во Њујорк ќе игра со третиот светски рекет, Стефанос Циципас.

-Ова ќе биде многу добар тест за мојата игра, мојот напредок. Навивачите секогаш ми помагаа. Сакаат луѓе кои се борат, даваат најдобро од себе, покажуваат карактер и емоции и енергија. Секогаш бев добро поддржан во Њујорк, истакна Мареј.

Мечот Циципас – Мареј треба да се одигра утре, на првиот ден од УС Опен 2021.