Британскиот тенисер Енди Мареј го откажа настапот на претстојниот турнир во Дубаи, откако денеска стана татко по четврти пат.

Мареј е шест години во брак со сопругата Ким, а брачната двојка веќе има две ќерки, Софија (5) и Еди (3), какои едногодишниот син Теди.

Поранешниот светски тенисер број 1, по минатонеделниот настап во Ротердам требаше да ја продолжи сезоната во Дубаи, каде од 16 до 21 март на програмата е турнир од серијата 500.

Мареј во моментов е 116 тенисер на АТП листата, а пред него, настапот на турнирот во Дубаи го откажа и Швајцарецот Роџер Федерер.