Кошаркарките на Денвер ја забележаа синоќа петтата последователна победа во НБА лигата, триумфирајќи над Мемфис со 103:102.

Најзаслужен за триумфот на гостите беше српскиот кошаркар Никола Јокиќ, кој го запиша својот 33. дабл – дабл ефект во НБА, предводејќи го својот тим до победа со 28 поени и 15 скокови.

Резултати во НБА лигата од синоќа:

Мемфис – Денвер 102:103

Њу Орлеанс – Кливленд 116:82

Вашингтон – Филаделфија 101 :127

Чикаго – Мајами 90: 101

Сан Антонио – Орландо 104:77

Јута – Хјустон 114:99

ЛА Лејкерс – Индијана 105:100.