Гласањето за доверба на владата на премиерот Маријано Рахој ги потврди очекувањата – 180 наспроти 169 пратеници не му изгласаа доверба на актуелниот премиер. Социјалистот Педро Санчез, така, станува нов премиер.
Сега претседателот на парламентот ќе го информира кралот Фелипе за исходот од гласањето. Санчез функцијата ќе ја преземе в понеделник, а новата влада ќе биде назначена наредната недела.
Интересно е што иако се очекуваше Санчез да води малцинска влада, сепак, лидерот на Подемос предложи двете партии да ги здружат силите, плус и неколку други партии кои ќе се вклучат во алијансата со што бројот на пратениците би бил 156.
Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер изјави преку својот поррптарол дека има целона доверба во новата шпанска влада. Тој на Санчез му испратил честитка во која наведува дека има доверба оти шпанската влада ќе продолжи со конструктивен придонес за посилна и пообединета Европска унија.