Ако продолжиме со оваа динамика побрзо ќе се движиме кон ЕУ и од Србија и од Црна Гора кои преговараат веќе 10 години, објави попладнево вицепремиерот за евроинтерграции Бојан Маричиќ.
– Вчера официјално започна процесот на скрининг, беше објаснето кои се чекорите кои следуваат, и што е она за што треба ние да се подготвиме.
Ние имаме добра подготвеност во однос на реформите. Веќе по нашите анализи, 45% сме усогласени во делот на законодавството. Доколку продолжиме со оваа динамика би требало да се движиме побрзо од Србија и Црна Гора, кои преговараат веќе 10 години, објави Маричиќ на својот официјален профил на Фејсбук.
За јавноста останува загонетно прашањето, зошто при ваков успех, воопшто не е прославено во Македонија почнувањето на преговорите на Македонија со ЕУ, како успех на оваа власт?!
Уште поголема е дилемата ако се знае дека оваа власт е мераклија на прославувања дури и на туѓи успеси, како што беше „чочекот за автопатот од режимот на Груевски“.