Посветеноста кон пензионерите се манифестира преку превземањето на нови мерки во Владата со што ќе се овозможи сериозна финансиска помош за овој важен сегмент од населението, истакнал вицепремиерот Бојан Маричиќ на синоќешната средба со пензионерите во општина Кисела Вода.
На средбата, во заедничка дискусија и отворен разговор со пензионерите, Маричиќ ги информирал дека на оваа Влада пензионерите и се многу важни.
Финансиската помош ќе биде поголема за оние кои примаат помали пензии, односно реципротитетно за оние кои земаат повеќе.
-Односот кон пензионерите кажува во какво општество живееме и како сме воспитани. Наша цел е да не зависите од било кој политичар и било која Влада. Со законското решавање на пензијата целта ни е редовно два пати годишно да ви расте пензијата. Целта ни е, никого да не заборавиме. Нашата Влада, годиниве наназад, така и оваа година вложува во субвенционирање и на цената на струјата. Исплатата на К-15 се реализираше после долги години.Нашата битка е за добар живот тука, нашата битка е патриотска, посочил Маричиќ.
Тој ги информирал граѓаните на Кисела Вода, дека и покрај соочувањето со предизвиците во последните три години, сепак Владата успева да ги покачи платите во повеќето сектори.
Инаку, пензионерите во Македонија непрекинато протестираат од летоска, барајќи повисоки пензии и попристоен живот во земјава, откако Уставниот суд со одлука ги зголеми функционерките плати за 78 отсто, а пензиите се покачија само околу 5 проценти.