Почна да функционира без шалтерскиот систем за добивање на документ за неосудуваност. Граѓаните овој документ можат да го добијат со аплицирање преку своите мобилни телефони или компјутери. Министерот за правда, Бојан Маричиќ, кој денеска присуствува на петтата „Текстилијада“ во Штип вели дека веќе имаат стотици барања низ судовите во државата.
-Првите денови процесот тече одлично и тие ќе се издаваат на тој начин. Нов е системот, доколи има некои пречки на самиот почеток. Но, сега за сега и ажурирањето на податоците во Врховен суд, кое се прибира преку АКМИС системот и издавањето на овие потврди оди без проблем, Според информациите граѓаните веќе ја користат оваа услуга и системот одлично функционира. Граѓаните електронски, на модерен начин ги вадат овие потврди, односно потврдите за неосудуваност. Се работи за целосно нов систем, но важно е дека се се одвива во најдобар ред, изјави Маричиќ.
Информираше дека оваа услуга е само една по неколкуте кои целосно ќе се дигитализираат. Наскоро ќе може по електронски пат да се добијат и изводите од кривична евиденција, а се работи и на трета услуга, односно дигитално издавање на уверение дека против лице не е изречена санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност. Целиот процес на дигитализацијата на судството кој го води Министерството за правда, предвидува воведување информатичка технологија на сите 34 судови во земјава и во речиси 200 судници.