Македонците во Албанија се етаблирана заедница со своја политичка партија и сметам дека така силно етаблирани не треба да се плашиме од никого, или од што било, вели вицепремиерот Бојан Маричиќ.
Ова се однесува на се позасилената бугарска пропаганда не само во Македонија, туку и во Албанија, за „барање бугарско малцинство“ меѓу Македонците.
– Македонците во Албанија, се етаблирана заедница. Имаат политичка партија, Македонска алијанса за европски интеграции, имаа до скоро политички претставник, пратеник во Собранието, има градоначалник Македонец во Албанија и сметам дека така силно етаблирани не треба да се плашиме од никого, или од што било, објави Маричиќ на својот официјален профил на Фејсбук.
Притоа, Маричиќ само не храбри, а никаде не ја спомнува пропагандата на Бугарија, обидите за бугаризација на Македонците во Албанија, на што се погласно се жалат Македонците кои живеат во Албанија. Ниту спомнува што државата на која тој е вицепремиер презема за заштита на Македонците во соседните земји, освен Албанија и во Бугарија и во Грција.