И вицепремиерот Бојан Маричиќ, овојпат како партиски функционер, сега говори за Македонија без придавката „северна“, како пред неколку дена и неговиот партиски шеф, Димитар Ковачевски.
Маричиќ ветува дека со нивна помош „Европа ќе ја огрееме со најсилното сонце“.
– СДСМ има носители на европската иднина за нашата држава. Европската агенда е реална и остварлива цел. Со напорна работа, нема недостижна цел. Нема да се откажеме од подобра, европска иднина за нашата Македонија. Нема откажување од иднината! Заеднички, ќе ја постигнеме целта да ја огрееме Европа со најсилното сонце, затоа што тоа го заслужуваат сите македонски граѓани, од најмлади до најстари, објави Маричиќ на неговиот официјален профил на Фејсбук.
Од објавата може да се види дека и Маричиќ, како и Ковачевски пред неколку дена, во изјавата ја батали придавката „северна“ пред името на Македонија, која беше додадена токму од СДСМ.
Кога функционерите, државни и партиски, треба да и се допаднат на тн. меѓународна заедница по безброј пати во една изјава ја верглаат придавката, а кога треба да му се допаднат на народот, пред избори, ја испуштаат „географската придавка“.
(Д. Г.)