Бившиот премиер и актуелен лидер на владејачкиот СДСМ, кој не ја пропушташе придавката од името на Република Македонија, ја батали сега пред избори.

– Задоволство беше вечерва да се види победничка атмосфера во месниот штаб во Тоде Мендол. СДСМ е единствената партија која има јасен план и капацитет да донесе економски и општествен прогрес и да ја исполни визијата за европска иднина на Македонија. Двојната победа на изборите е наша. Нема откажување од иднината!- објави тој на својот официјален профил на Фејсбук.

Во неговата изјава нема ништо ново. Овие фрази ги употребува подолг период во (пред)кампањата, единствено ново и интересно е тоа што довчерашниот премиер и лидер на партијата која и го смени името на државата, сега европската иднина на Македонија ја виде без придавката „северна“. А само до вчера, во неговите говори, како и на неговите партиски колеги и приврзаници, по стопати и до здодевност ја потенцираа „северна“ во изјавите.

(Д. Г.)