Заради изборите во Европскиот парламент постојат повеќе причини да се верува дека Европската унија мора да презентира јасен концепт и оти проширувањето е веќе јасно поставена тема, смета вицепремиерот за европски прашања Маричиќ.
-Првенствено, војната во Украина ја натера Европската Унија да размислува постратешки во смисла на нови членки и второ е тоа што кредибилитетот на ЕУ за проширување е веќе сериозно ослабен, рече Маричиќ вечерва во интервју за 360 степени.
Верува дека е реално, како што истакна, да очекуваме дека до 2030 ќе има некаков вид на проширување.
-Убеден сум дека до 2030 ќе има нови членки. Знаете дека се зборува за реформи на Европската унија на начин како ќе функционира со поголем број на држави членки, но за се` има решение и аналитичарите и правниците и оние кои го познаваат политичкиот систем на ЕУ знаат и свесни се дека е возможно со извесни мали корекции во системот да се овозможи влез на нови членки, наведе Маричиќ.