Испративме пораки до Брисел и европските институции дека сега е време државите-членки на Унијата да покажат лидерство за С. Македонија и Албанија да ги започнат преговорите, со што ќе направиме еден чекор напред за сите земји од регионот во насока кон полноправно членство.
Ова го изјавил македонсикиот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ во ексклузивното интервју за Албаниан дејли њуз. Маричиќ на својот официјален профил на Фејсбук споделува дел од интервјуто.
– Сигурен сум дека Брисел и државите-членки на ЕУ се свесни колку е важно да се дејствува час поскоро, бидејќи војната во Украина испрати сигнал за важноста на обединувањето на Европа со земјите од Западен Балкан. Секое одложување може да биде разбрано како слабост на ЕУ и да биде искористено од трети земји, кои имаат претензии за зголемување на своето влијание во регонот, вели Маричиќ.
Тој во објавата упатува дека целото ексклузивно интервју може да се прочита во Албаниан дејли њуз.