Вицепремиерот Бојан Маричиќ во гостување на ТВ24 истакна дека е можно „цело ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот“.

– Членството во НАТО го постигнавме. Дел од пратениците тогаш од ВМРО-ДПМНЕ одговорија позитивно на тој повик. Ние веруваме дека е можно и цело ВМРО-ДПМНЕ, како партија да го направи тоа, доколку сака да го фати возот за поддршка на ЕУ. Го пропуштија тој воз за НАТО, не би требало да го пропуштат за ЕУ, рече вицепремиерот за европски прашања, Маричиќ.

Тој ова го кажа во врска со уставните измени кои што треба да поминат во Собранието на Република Македонија.