Западен Балкан се реформира, очекуваме план за членство во ЕУ, а јасната европска перспектива, со точни и предвидливи датуми, ќе делува како катализатор, и ќе ни биде поттик брзо да ги спроведеме реформите, или фигуративно кажано – да понудиме навремени и квалитетни решенија за нашите обврски и задачи кон ЕУ, вели вицепремиерот Бојан Маричиќ.
– Неопходно е испраќање сигнал дека ЕУ останува и понатаму да ја има водечката улога на овие простори. Ова е особено важно во време кога довербата кај граѓаните за процесот на евроинтеграциите значително опаѓа, првенствено поради ставањето на страна на регионот и долгото чекање пред вратите на ЕУ. Одлучни сме да го постигнеме посакуваниот напредок на патот кон членството во ЕУ и процесот на преговори да го изведеме квалитетно и брзо, објави Маричиќ на својот официјален профил на Фејсбук.
Вицепремиерот за евроинтеграции дообјаснува дека изјавата е од видеообраќањето на вториот Економски форум Скопје на тема: Пристапувањето на Западен Балкан во ЕУ.