Кошаркарската репрезентација на Србија ќе започне со своето учество на СП во Кина како еден од фаворитите за највисок пласман.
Момците на Александар Ѓорѓевиќ направија одлични подготовки пред турнирот, победувајќи на секој од своите пријателски натпревари.
Центарот на Далас Маверикс, Бобан Маријановиќ изјави дека освојувањето пријателски мечеви не е голема работа затоа што сè е различно на голема сцена.
– Засега, работите се одвиваат добро. Ние сакаме да играме за нашата татковина и со нетрпение очекуваме да ја претставиме на Светското. Тоа не се случува често. Вие тренирате целиот свој живот, гледате други како играат на Европско, Светско, Олимпијада. Сè има смисла, кога конечно ќе добиеш шанса и ти да го направиш тоа. Се чувствувате прекрасно, што ни дава мотивација да бидеме толку возбудени, вели ценарот.
Очекувањата за Србите се големи. Тие се во група со Ангола, Филипините и Италија, а малкумина што очекуваат тие да доживеат неуспех уште во групната фаза.
– Секој тим што пристигнал овде, тренирал напорно како нас. Сите тие се добри и ние треба да бидеме фокусирани. Секоја акција на теренот може да влијае на резултатот, било да е тоа напад, одбрана, фаул, сеедно. Еден играч може да го направи натпреварот на својот живот, а вие да неможете да го запрете. Нашиот тим треба да игра паметно и да ги почитува сите. Мора да пристапиме професионално. Не очекуваме лесни натпревари. Мора да останеме мирни во текот на 40 минути што ќе ги поминеме на паркетот, вели Маријановиќ.
Србија го отвора првенството утре против скромниот тим Ангола. Потоа, на 2 септември ќе имаат натпревар против Филипините, а последниот натпревар во групната фаза ќе биде против Италија на 4 септември.