Поранешниот генерален директор на Јувентус, Џузепе Марота, официјално го напушти клубот и е пред промоција во нов спортски директор на Интер.

Марота во Интер го чека годишна плата од три милиони евра плус бонуси.

Искусниот 61-годишен фудбалер е еден од најзаслужните за успесите на Јувентус и седумте титули во низа во Италија. Тој во Торино дојде 2010 година кога беа поставени темелите на силниот Јуве.

Марота ги направи вистинските потези на трансфер пазарот со Кристијано Роналдо, Миралем Пјаниќ, Пол Дибала, а особено се истакна кај фудбалерите кои Јувентус ги ангажира без обештетување како што се Андреа Пирло, Сами Кедира, Емре Џан, Дани Алвеш и други.