Директорот на Интер, Бепе Марота се надева дека Мауро Икарди ќе го напушти клубот до крајот на преодниот рок.
В понеделник истекува преодниот рок и дотогаш Интер има време да се ослободи од Аргентинецот, кој не е во плановите на Антонио Конте за оваа сезона.
– Имаме уште само три дена, но се надевам дека се ќе се реши на позитивен начин. Не можеме да кажеме сè во јавност, но работите секогаш ги правиме одговорно, изјави Марота кој се надева ќе се ослободат од Икарди до понеделник.
На прашањето дали ќе има нови засилување на клубот, Марота рече се задоволни од инвестицијата што ја направиле во клубот и што му овозможиле одличен тим на Конте, и дека не размислуваат да донесат некого повеќе“.