Студентскиот отпор за правда на студентите денеска, во 17.30 часот пред Влада протестираше потенцирајќи дека треба да се изврши зголемување на износот на субвенцираниот студентски оброк од 120 на 160 денари дневно.

Со различни транспаренти, тие упатија порака до Владата и надлежните институции дека „ова нема да им помине“ и дека ќе продолжат да се борат за своите права.

Видеото погледнете го ТУКА

Тие посочуваат дека не смее да се дозволи штедење на младите луѓе кои седат во студентските домови низ земјава, а фотографиите од социјалните мрежи сведочат дека повеќето од домовите се во катастрофална состојба.

-Учесниците на маршот од пред Владата ќе се упатат пред Министерството за обарзование и наука, каде ќе бидат повторени барања за подобри услови во студентските домови, изземање на студентите од антикризните мерки, целосно спроведување на Законот за студентски оброк, изедначување на стипендиите, дигитализација и подигнување на квалитетот на образование.
-Целта на овој студентски марш е студентите да ги искажат своит барања и ставови јасно и гласно пред институциите. Ваквата пракса и овој студентски марш би сакале да биде иницијална точка која ќе премине во традиција што ќе се применува во наредните години и генерации после нас, изјави пред почетокот на маршот, Славчо Темелковски, претседател на УСС при УКИМ.