Комесарката за проширување Марта Кос на денешната прес конференција нагласи дека не може да ни даде никакви гаранции дека дури и да ги внесеме Бугарите во Уставот. Таа дури навредливо ни го спореди македонскиот идентитет со тавче гравче, полнети пиперки и пинџур.
Идентитетот е нешто што си го носиме во душите и во нашите срца. Идентитетот е како се чувствуваме и како ја чувствуваме нашата татковина, идентитетот е она како се грижиме за нашата традиција. На пример манастите во Македонија, погачата, тавче гравчето, пинџурот или полнетите пиперки… како на пример ги одржуваме традиционалните носии, какви односи градиме со постарите во земјата, каков однос имаме кон зачувување на нашиот јазик и никој не може да ви го одземе ова на вас Македонците – порача Кос.
Премиерот Мицкоски на тоа одговори дека македонскиот идентитет се и Гоце Делчев и Груев и Сандански, нешто со што вели не е сигурен дека ќе се согласи нашиот источен сосед Бугарија.
