Вооружена група убила најмалку 47 луѓе, меѓу кои жени и деца, во шест нигериски села. Нападот се случил откако локалното население добило помош за борба против новиот коронавирус.
Локалните жители тврдат дека откриле најмалку 70 тела, како и оти им се запалени и ограбени домовите, а нигериската армија и полиција го истражува нападот.
Според очевидците, напаѓачите вооружени со софистицирано оружје, на мопеди упаднале во селата и тие кои одбиле да им дадат храна и пари биле претепани или стрелани.