Тајландски војник убил повеќе лица во масовна пукотница низ градот Кората, на североистокот од земјата, јавија светските агенции, повикувајќи се на полициски извори.

Тајландските портали јавуваат дека во и околу градот Кората, североисточно од Бангкок, се убиени најмалку 12 лица.

Засега не е познато каде во моментов војникот се наоѓа.

„Бангкок пост“ јавува дека војникот прво пукал по своите надредени, колегите војници и потоа врз цивили.

Прво го убил својот надреден офицер и двајца свои колеги во рамките на воениот кампус, па потоа украл возило и се упатил во блискиот шопинг центар. Во него пукал врз цивили.

Наводно целиот напад тој го пренесувал на Фејсбук лајф, а и си снимал селфи како ја држи пушката.