Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 3.707 тестирања, а регистрирани се 913 нови случаи на ковид-19.
Во изминатите 24 часа од Ковид 10 починале 16 лица.
-седум пациенти од Прилеп (87г, 82г, 75г, 74г, 70г, 66г, 63г)
-шест пациенти од Скопје (83г, 75г, 72г, 69г, 66г, 54г)
-еден пациент од Гостивар (87г)
-еден пациент од Гевгелија (71г)
-еден пациент од Крушево (40г).
Сите пациенти се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 551.917 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 109.262 , бројката на оздравени пациенти е 96.173, на починати е 3.244, а бројот на активни случаи изнесува 9.845 .