Во последните 24 часа се направени 3.566 тестирања, а регистрирани се 999 нови случаи на Ковид-19. Оздравени се 711 пациенти, а починати 21 на возраст од 50 до 90 години, соопшти Министерството за здравство.
Од новозаболените во Скопје се регистирани 465, во Прилеп – 53, Куманово – 52,Велес – 48, Кавадарци – 43, Гостивар – 38, Неготино – 37, Тетово – 36, Битола – 35, Охрид – 33, Штип – 30, Гевгелија – 23, Кочани – 16, Крива Паланка – 10, Кичево – 9, Валандово – 8, Струмица и Радовиш – по 7, Берово, Богданци и Демир Капија – 6, Ресен, Дебар, Пробиштип и Виница – по 4, Струга, Крушево и Демир Хисар – по 3, Свети Николе, Делчево и Македонски Брод – по 2.
Оздравените пациенти се од Скопје – 264, Прилеп – 72, Тетово – 44, Охрид – 40, Гостивар – 33, Куманово и Битола – по 32, Велес – 29, Струга – 26, Струмица – 23, Штип и Крива Паланка – по 17, Кочани и Гевгелија – по 14, Берово – 13, Крушево и Богданци – по 6, Кичево, Свети Николе и Пробиштип – по 4, Радовиш и Делчево – по 3, Кавадарци, Ресен, Валандово и Пехчево – по 2, Виница, Кратово и Демир Хисар – по 1.
Пријавено е вкупно 21 починато лице, на возраст од 50 – 90 години и тоа: 6 пациенти од Скопје, три починати лица од Велес, по две починати лица од Прилеп, Охрид, Струга и Гевгелија, и по 1 починато лице од Куманово, Гостивар, Струмица и Ресен. Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 117.437, бројката на оздравени пациенти е 99.837, на починати е 3.424, а бројот на активни случаи изнесува 14.176.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 52179, активни 7138
Прилеп 6387, активни 923
Куманово 6153, активни 498
Тетово 5939, активни 425
Гостивар 4189, активни 351
Кавадарци 4033, активни 706
Штип 3936, активни 262
Велес 3936, активни 427
Битола 3887, активни 416
Охрид 3718, активни 509
Струмица 2991, активни 237
Струга 2548, активни 151
Кочани 2062, активни 200
Кичево 1858, активни 73
Неготино 1714, активни 458
Гевгелија 1575, активни 327
Свети Николе 1166, активни 49
Крива Паланка 1003, активни 133
Ресен 915, активни 113
Дебар 813, активни 19
Радовиш 816, активни 69
Делчево 789, активни 64
Берово 741, активни 77
Пробиштип 622, активни 65
Виница 552, активни 29
Валандово 452, активни 78
Крушево 399, активни 124
Богданци 360, активни 67
Кратово 306, активни 24
Демир Хисар 309, активни 43
Демир Капија 321, активни 83
Македонски Брод 265, активни 13
Пехчево 205, активни 15
Македонска Каменица 195, активни 3
Дојран 103, активни 7
Направени се 3.566 тестови преку: ИЈЗ-543, ЦЈЗ Скопје-92, Авицена-420, Биотек-291, Жан Митрев (Филип Втори)-173, Систина -325, лабораторија Лаор–260, Судска медицина-5, ЦЈЗ Битола-86, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Синлаб-65, Ремедика-32, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.271, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-0.
Досега во земјата се направени вкупно 582.489 тестирања на Ковид-19.