Хрватскиот поп пејач Масимо Савиќвели дека во регионот многу долго трае „музичка порнографија“ и оти не е заинтересиран за тоа. Околностите вокои денес функционира музичката сцена на просторот на поранешна Југославијаза него се повеќе претставува платформа за правење бизнис.

– Кај нас, во целиот регион, музичката порнографија трае многодолго и тоа никогаш нема да го разберам. Ниту сум заинтересиран за нешто слично. Тука нема никакво пренесување емоции туку само сериозен бизнис штомобилизира најниски човекови страсти.Секако,поголем број луѓе се заинтересирани за порнографија, отколку за белетристика…Е, па мене повеќе ми се допаѓа белетристиката, изјави Савиќ.

Тој во интервју за Танјуг, што го пренесуваат српски портали, вели дека не сака голема популарност на сметка на концепт и квалитет на музика што ја создава и изведува.