Масовни протести на револтирани ученици и родители денеска излегоа на протести низ цела Македонија поради најавата за дигитализација во образованието и укинување на учебниците.
Освен во Скопје каде се одржа главниот протест, денеска се протестираше и во повеќе други македонски градови – Битола, Тетово, Прилеп, Кавадарци, Македонска Каменица, Куманово и Радовиш каде масовен број на родители и ученици излегоа поради незадоволството од оваа реформа на министерката Мила Царовска.
Инаку тие се гневни и поради фактот што во веќе во графата за родители на децата не стојат мајка и татко, туку родител 1 и родител 2.
Од пред Владата на Македонија предводничката на иницијативата, Драгана Спасевска истакна дека институциите не сакаат да ги слушнат нивните барања.
– Тргнете ја вашата лоша политика, на страна до нашите деца. Баравме, бараме и ќе бараме задолжително учество на претставници од граѓанскиот сектор во работна група кои ќе работат на новиот Закон.