Трикратниот шампион Роџер Федерер (Швајцарија) се квалификуваше за третиот круг на „Мастерс“ турнирот во Мајами со награден фонд од 8,36 милиони долари. 37-годишниот Федерер го порази Раду Албот (Молдавија) со 4:6, 7:5, 6:3 за нешто над 2 часаигра
Во третиот круг, Маестро ќе игра против 27-годишниот Србин, Филип Крајиновиќ.
Број 3 во светот и втор носител, Александар Зверев (Германија) отпадна во вториот круг по поразот од 36-годишниот Шпанец Давид Ферер со 6:2, 5:7, 3:6. Ферер, кој учествува во турнирот со „вајл карта“ направи пет брејка во натпреварот. 21-годишниот Зверев го зеде првиот сет по само 30 минути, но потоа допушти 47 непредизвикани грешки и отпадна.
Канадскиот тинејџер Денис Шаповалов го победи Даниел Еванс (Велика Британија) со 4:6, 6:1, 6:3 и во следната рунда излегува против Андреј Рубљов (Русија), кој го елиминира број 9 вошемата, Марин Чилиќ (Хрватска) со 6:4, 6:4.
Португалецот Жоао Соуза оствари успех над Стив Џонстон (САД) со 7:6 (6), 6:4 и во третиот круг ќе игра против број 6 Кевин Андерсон (ЈАР), кој го отстрани Хауме Мунар (Шпанија) со 6:4, 3:6, 6:3. 20-годишниот Грк и осми носител, Стефанос Циципас пак, го победи Мекензи Мекдоналд (САД) со 7:6 (4), 6:1.
Во други средби од турнирот претставникот на домаќините Рајли Опелка оствари триумф над Диего Шварцман (Аргентина) со 6:4, 3:6, 6:4, Леонардо Мајер (Аргентина) го победи сонародникот Гвидо Пеа со 6;2, 6:4, број 14 – Марко Чекинато (Италија) победи без игра по откажувањето на Дамир Чумхур (Босна и Херцеговина). Давид Гофан (Белгија) го елиминира Пабло Андухар (Шпанија) со 6:4, 6:1, а Френсис Тиафо (САД) постигна успех против Миомир Кечмановиќ (Србија) со 7:6 (6), 7:6 (5) .