Шпанскиот матадор Моранте де ла Пуебла деновиве привлекува внимание на интернет поради несекојдневен потег од борба со бик, кој предизвика контроверзии.
Имено, некаде пред крајот на претставата, кога жртвата веќе беше многу слаба и исцрпена, матадорот извади марамче, му ги избриша крвавите солзи, па дури потоа му пресуди на животното.
Видеото од сѐ тоа, никого не остави рамнодушен.
– Само зол и изопачен ум може да мачи животно додека не му потече крв по нозете, а потоа и да му ги избрише солзите. Неверојатно е тоа колку овој човек е бесчувствителен!, изјави Силвија Барчеро Ногалес, претседателка на шпанската партија која се бори за правата на животните.
Друштвата за заштита на животните одамна сакаат да се забранат борбите со бикови, кои се дел од шпанскиот и јужноамериканскиот фолклор, но сѐ уште не успеваат во тоа.