Кијану Ривс вчера ги овековечи отпечатоците од своите дланки и нозе во цемент пред ТЦЛ Кинескиот театар во Лос Анџелес.

– Сакам филмови. Господе, сакам филмови! Сакам да ги гледам, сакам и да ги правам. Чест е да се биде овде денеска на оваа холивудска благословена земја, изјави Ривс.

Филмската ѕвезда од сега актуелниот хит „Џон Вик 3“ со вчерашната свеченост ја прослави својата богата кариера и со скоро 100 филма зад себе.