Иако не беше на Самитот на ЕУ, италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини исто како да беше присутен во Брисел, зашто неговиот антиимгрантски дух добро се почуствува за време на тешките преговори за мигрантското прашање. За новинарот на германски, Шпигел, тој е моментално европска политичка ѕвезда, а самиот Салвини во интервјуото објавено вчера мисли дека тоа е претерување.
Сепак, за кратко време Салвини стана политичар за кој се зборува, а тој не крие дека Италија и неговата партија Северна лига ќе играат значајна улога за иднината на Унијата.
На забелешката на новинарот дека ЕУ изгледа поразединета од кога било и дали тоа го загржува, Салвини вели: „Во наредните месеци ќе се реши дали Европа се уште има иднина во сегашната форма, или пак целата работа станала бескорисна. Не станува збор само за буџетот за наредните седум години. В година ќе имаме избори за Европскиот парламент. За една година ќе видиме дали обединета Европа се уште ќе постои или не“.
На констатацијата од новинарот дека недамна на францускиот претседател Емануел Макрон му рекол дека е „арогантен“ и зошто се изнервирал од него, Салвини одговара: Французите ни даваат лекции за морал, а според статистиките, тие одамна требаше да примат 9.000 баратели на азил од Италија. И денес вооружени чувари маршираат на границата со Италија во Вентимилија. Тоа би било во ред доколку нам не ни држат лекции“.
На еден ден пред да се постигне договорот за мигрантите, Салвини во интервјуто зборува за поделеноста кај Европејците. Сепак, тој објаснува дека фокусот на Рим е итна депортација на тие што првобитно дошле преку нивниот брег, како и заштитата на надворешните граници. А, тоа значи отворање кризни центри во северна Африка и на Балканот.
На прашањето да објасни кој е коренот на конфликтот во ЕУ тој вели дека кога некој вели оти Италијанците треба првин да помогнат, јас велам – првин вие помогнете, а потоа ќе зборуваме за се друго. Како проблем тој посочува што некои невладини организации, неколку од Германија, кои имаат свои бродови за превоз на мигранти. На тој начин тие ги поддржуваат шверцерите со мигранти и само го поттикнуваат ризчното преоѓање преку море.