Кога ДУИ не може да краде и кога конечно мора да одговара за криминалот, тогаш започнува врескањето: „нема правда за сите“, „загрозени се меѓуетничките односи“, „Албанците се на удар“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ што го пренесуваме интегрално.

Ова е старата и одамна потрошена матрица на Ахмети, Османи и нивните луѓе, секогаш кога им се сече гранката на криминалот и корупцијата, кога повеќе нема тендери и рекет, тогаш наеднаш стануваат „заштитници на Албанците“ и „бранители на меѓуетничките односи“. Во превод: кога нема пари и функции, тогаш почнуваат да се кријат зад етничкото знаме.

Но вистината е јасна, 20 години ја цицаа државата, беа недопирливи и без одговорност.

Денес дел од нив бегаат, дел се кријат, а дел се тресат од страв од апсење, затоа што знаат што направиле.