Средовечен маж починал на една од охридските плажи попладнево како последица на срцев удар, јавува Охрид 1.
Безживотното тело на човекот било извадено од водите, на плажата Метропол, објави „Њуз1.мк“.
На снимката се гледа како на помош доаѓа министерот за здравство Венко Филипче, кој бил на 200 метри, на отворање на Европскиот маратон. Тој веднаш дотрчал, се обидел да го реанимира човекот кој имал 70-тина години, тоа траело 20-тина минути, но за жал обидите не успеале.